Македонија

Цело Скопје замина на колективен одмор – нема каде да седнеш на ручек

Цело Скопје замина на колективен одмор – нема каде да седнеш на ручек

„Заминавме на годишен одмор, ќе се вратиме кога ќе се одмораме“. Вакви пораки испишани на бел лист и залепени на влезната врата на локалните дуќани гледаме сè почесто во месец август, пишува Денар.мк

Ова само докажува дека Скопје е навистина половина празно, а и дека занаетчиите како договорени во ист период заминуваат на езеро или на море за да се одморат и да го искористат августовското сонце.

Екипата на Денар направи обиколка низ неколку скопски населби и тоа што го забележавме е дека многу локални кафеани се затворени поради колективен одмор, а истото се случува и со месарниците, слаткарниците, фризерниците, цвеќарниците, па дури и стоматолошките ординации.

„ПОРАДИ ЗАМИНУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВЕН ОДМОР – Нарачки за торти примаме до 29 јули, а последниот рок за подигнување на тортите е 31 јули“. Оваа порака беше залепена на влезната врата на позната слаткарница во населбата Влае.

Сличен текст прочитавме и на влезната врата на локалната кафеана во Капиштец:

„Не работиме до 15 август, заминуваме на одмор“.

Извор: Денар

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни