Македонија

Целосен прекин на сообраќајот на обиколниот пат Скопје – Велес

Целосен прекин на сообраќајот на обиколниот пат Скопје – Велес

Од 12:20 часот, сообраќајот на обиколниот пат Скопје – Велес, во близина на Башино Село, е во целосен прекин. Причината за прекинот е поврзана со безбедносни мерки, информираат надлежните.

Патниот правец се користеше како алтернативна рута за пренасочување на тешки моторни возила (ТМВ), но моментално е затворен за сообраќај.

Се очекува дополнителни информации и упатства за возачите во наредните часови. Надлежните апелираат на трпение и внимателност при користење на алтернативни правци.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни