Македонија

Целосна забрана за движење во шумите од 1 јули до 31 август – казни до 2.000 евра

Целосна забрана за движење во шумите од 1 јули до 31 август – казни до 2.000 евра

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува
јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците
на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат
со заштитените подрачја, даде согласност за воведување на целосна забрана
за движење во шумите и шумското земјиште. Согласност се издава согласно
членот 57 став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и
превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.

Целосната забрана за движење во шумите започнува од 01.07.2025 година и ќе
трае се до 31.08.2025 година. Движењето во шумите ќе биде дозволено
единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на
ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со
кои управуваат.

За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското
земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско
земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од
1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни