Македонија

Централниот одбор на СДСМ ќе ги разгледува барањата на Мицкоски за поддршка на уставните измени

Централниот одбор на СДСМ ќе ги разгледува барањата на Мицкоски за поддршка на уставните измени

Извршниот комитет и Централниот одбор на СДСМ закажаа седници на кои ќе ги разгледуваат барањата на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на уставните измени кои вчера лидерот Христијан Мицкоски ги изнесе на средбата со премиерот Димитар Ковачевски.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција потврди дека Ковачевски ќе ги свика партиските тела.

„По вчерашната сдредба имаме нови околности на политичката сцена и токму тие нови околности се повод за свикување на Извршниот и на Централниот одбор а секако дека тема ќе бидат начинот и формата со која што понатаму ќе продолжат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ“, рече Кузеска.

На вчерашната лидерска средба ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поддржи уставни измени ако по гласањето биде формирана широка влада во која нема да биде ДУИ, како и стапување во сила на измените во моментот кога Македонија ќе стане дел од ЕУ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни