Македонија

Циклонски дожд кој што ќе донесе обилни количини на врнежи и крај на летото

Циклонски дожд кој што ќе донесе обилни количини на врнежи и крај на летото

Македонија од понеделник ќе биде под влијание на поле на низок воздушен притисок кој што ни носи дестабилизација на времето која што пак ќе ни донесе пообилни врнежи од дожд и грмотевици и осетен пад на дневните температури кои што ќе бидат во границите на повеќегодишниот просек за овој период од месец септември.

Очекувано количество на дожд во следните 5 дена

Во понеделник во утринските и претпладневните часови ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови зголемување на облачноста која што доцна попладне и навечер ќе услови слаби и локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен засилен југоисточен и југозападен ветер кој што ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат во интервал од 10 до 20 степени, додека пак максималните дневни температури во Македонија утре ќе достигнат до 18 односно до 29 степени.

Во текот на ноќта понеделник кон вторник врнежите од дожд ќе се интензивираат.

Во Македонија во вторник ќе преовладува облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици, и пообилни врнежи a очекуваат да наврнат од 25 до 45 литри. Локално во централните, источните и јужните предели количеството на наврнат дожд може да достигне и до 60 литри. Ќе дува доумерен ветер со променлив правец.Минималните температури од 10 до 20 степени, додека пак максималните дневни температури ќе забележат осетен пад и ќе достигнат од 14 до 25 степени.

Во текот на ноќта вторник кон среда врнежите од дожд ќе продолжат но со послаб интензит. Во среда во Македонија во утринските и претпладневните часови врнежите од дожд ќе престануваат и ќе преовладува умерено облачно време. Локално се очекуваат да наврнат од 5 до 20 литри дожд. Во попладневните часови умерено облачно време со повремени сончеви периоди. Утринските температури ќе се движат од 9 до 19 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 18 до 29 степени.

Во четврток во Македонија не очеква преодна стабилизација на времето. По свежото утро и утрински температури кои што ќе се движат во интервал од 6 до 16 степени, во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност. Во попладневните часови зголемување на облачноста и ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди и потопло време. Максималните дневни температури во Македонија ќе достигнат од 20 до 31 степени.

Во петок нов бран на врнежи, умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици. Локално се очекуваат да наврнат од 5 до 15 литри. Утринските температури ќе се движат во интервал од 10 до 20 степени, додека пак максималните дневни температури од 19 до 30 степени.

Во сабота и недела ќе преовладува умерено облачно време со повремени сончеви периоди и посвежо време со температури кои што ќе бидат во опаѓање. Минималните температури од 9 до 19 односно од 5 до 15 степени, додека пак максималните дневни ќе се движат од 16 до 27 односно од 12 до 23 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни