Македонија

Ципрас од Кипар: Успешниот обид за рашавањето за името со Северна Македонија е порака дека постојат решенија

Од Петтиот Самит на земјите од Југот што се одржува на Кипар, грчкиот премиер Алексис Ципрас испрати порака дека Договорот од Преспа покажува дека постојат европски решенија преку дијалог и меѓусебно разбирање, јави дописничката на МИА од Атина.

„Пораката што ја праќаме денес, овде е порака на заедничко чекорење во правец на изнаоѓање на заеднички европски решенија. Пораката што ја испраќа успешниот обид што го имавме во однос на триесетгодишните разлики за името со Северна Македонија, исто така е порака дека постојат европски решенија преку дијалог и преку меѓусебно разбирање“, рече грчкиот премиер.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни