Балкан

Ципрас: Верувам и за премиерот на Северна Македонија, најважната награда е што воспоставивме мирен соживот

Одговорив и му напишав на Зоран Заев една порака дека за нас, за мене, а верувам и за премиерот на Северна Македонија, дека најважната награда од сите награди е фактот дека преку овој договор придонесовме за воспоставување мирен соживот, солидарност, соработка, пријателство и мир во поширокиот регион, но и меѓу нашите народи и оваа награда не може да се спореди со никоја друга награда, рече грчкиот премиер во однос на номинацијата за Нобеловата награда за мир за него и Зоран Заев.

Ципрас истакна дека со Договорот од Преспа се придонесе за мирен соживот, солидарност, соработка, пријателство и мир меѓу двата народи.

-Доаѓаме денес и кога велам ние не мислам на личностите, туку на политичките сили и во Грција и во Северна Македонија, кои се здружија во обидот да се судрат со доминантната реторика на национализмот, на квази-патриотизмот, на импресионирањето, на емоционалноста, за да дадат решение за перспективата на народите, за иднината. Ние докажуваме нешто многу, многу важно. Во пракса докажуваме дека кога постојат прогресивни влади и сили кои имаат храброст и не се двоумат пред политичката цена за да ги одбранат вредностите, тогаш целата позната историја на Балканот може да се маргинализира и да се испише историја што се однесува и на минатото, но во главно на сегашноста и иднината на народите“, изјави Ципрас.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни