Црковно народен собир по повод Покров на Пресвета Богородица во каменичкото село Цера.
„Денеска го чествуваме големиот христијански празник Покров на Пресвета Богородица, заедно со могуброен народ верници од нашата општина и поширокиот регион, присустувам во истиоимениот манастир Покров на Пресвета Бигородица на Еленец, во село Цера.
Овој голем верски празник е длабоко вкоренет во нашата православна вера и традиција, и ни служи како потсетник за заштитата и благословот што Пресвета Богородица ги дава на сите нас и целиот православен свет.
Како локална самоуправа, постојано сме посветени на зачувувањето на нашето културно и духовно наследство. Ги поддржуваме активностите на манастирот и Делчевско – каменичката епархија се стремиме да создадеме услови за негово понатамошно унапредување. Веруваме дека со заеднички напори, со Епископот Делчевско – Каменички г. Марко, ќе успееме да го одржиме и развиваме овој наш повеќевековен свети храм на верата и традицијата.
Нека благословот на Пресветата Богородица секогаш не следи и нека ни подари здравје, мир и благосостојба. Да ни е честит празникот, и нека Богородица го чува нашиот народ и нашата заедница“, велат од општината.