Македонија

Црната точка „Бели мост“ зеде уште една жртва, загина 25-годишна мајка од Демир Хисар – кои се причините за трагедијата?

Црната точка „Бели мост“ зеде уште една жртва, загина 25-годишна мајка од Демир Хисар – кои се причините за трагедијата?

25 годишна мајка на малолетно машко дете е последната жртва во трагедијата која вчера ја потресе југо-западна Македонија. Мостот „Бели мост“ на патот Битола-Демир Хисар уште еднаш потсети на својата опасност, откако пред само осум месеци на истото место загина полицаец.

Вчера попладне, во 16 часот и 20 минути во полициската станица во Битола пристигнал повик дека случена е тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Битола-Демир Хисар. Во моментов нејасно кој ја пријавил прв несреќата и по колку време од нејзиното случување.

Патничкото моторно возило марка „Мерцедес“ со демирхисарски регистарски ознаки во кое се превезувале вкупно три лица, од кои едно малолетно, од засега точно неутврдени причини излетало од патот Битола-Демир Хисар кај местото викано „Бели мост“ пред селото Лисолај.

Возилото го управувал 33 годишниот Б.Г од село Белче, Демир Хисар, на совозачкото седиште се наоѓала неговата сопруга 25 годшината Ј.Г, како и нивниот малолетен син. Веднаш по пристигнувањето на Итната медицинска помош, на лице место констатирана била смрт на 25 годишната мајка, додека малолетниот син и неговиот татко кој управувал со возилото се здобиле со тешки телесни повреди и веднаш се префрлени во Клиничката болница во Битола.

Возилото од патот Битола-Демир Хисар кај „Бели Мост“ изгубило контрола и излетало надвор од патот. Познавачите и искусни возачи велат дека треба да биде обележано ова место како црна точка на овој патен правец. Ќе се истражува кои биле причините поради кои возилото излетало од патот, во моментов првичните нефицијални информации се дека можни причини за трагедијата се неприлагодена брзина на движење согласно условите на патот. Патниот правец Битола-Демир Хисар не бил непознат за 33 годишниот возач, бидејќи тој го поминувал и по неколку пати на ден.

Повредите кои ги добила 25 годишната мајка биле смртоносни, нејасно е во моментов со какви повреди истата се здобила. Поради тоа, телото е предадено на обдукција во Институтот за јавно здравје во Битола, при што ќе треба да се утврди кои се причините за натанување на смртта, кога настанала истата и какви повреди добила.

На лице место извршен е увид од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи во Битола и јавен обвинител кој ги издал наредбите за обдукција врз телото на починатата 25 годишната Ј.Г.

ЗА ОСУМ МЕСЕЦИ ВТОРА ТРАГЕДИЈА

Пред само осум месеци на истото место се случи трагедија во која животот го загуби 46 годишен полицаец со иницијали А.А. И тогаш возилото „Форд Фиеста“ со демирхисарски регистарски ознаки излета од патот кај местото викано „Бели мост“, а првичните неофицијални информации тогаш говореа дека причината е неприлагодена брзина. Возачот тогаш беше единствен патник во возилото, кој почина на лице место.

ЦРНИ ТОЧКИ НИЗ МАКЕДОНИЈА

Одредени делници од патната мрежа во Македонија веќе подолг временски период претставуваат потенцијално опасни места за животот на учесниците во сообраќајот.

  • Клучката кај Хиподром, клучката Илинден, потегот од наплатната станица Петровец до клучката Кадино, мостот кај Катланово, делницата Демир Капија-Удово, потоа делницата Штип-Радовиш (место викано „8-ми километар“ и место викано „Пилафтепе“).
  • Во правец од Скопје кон Охрид, како посебно опасни места се издвојуваат патниот правец Желино-Тетово, потегот од наплатната станица Тетово Југ до наплатната станица Гостивар, кај село Зајас (Гостивар-Кичево), село Мешеишта, (Кичево-Охрид), мостот на реката Сатеска село Ботун (Кичево-Охрид), клучката за влез во Охрид кај село Подмоље на делницата Охрид-Струга.
  • На патот Охрид-Свети Наум најопасни се деловите кај Свети Стефан, односно кај хотел „Гранит“, раскрсницата на влезот кон комплексот „Инекс Горица“, населбата Рача и селото Пештани.

Како посебно опасни места, се издвојуваат и:

  • Регионалниот пат Кичево–Демир Хисар (местата Чакор,Прибилечки Кривини, Зли Дол).
  • На регионалниот пат Дебар-Струга, најкритично е кај село Велешта и кај село Враништа.
  • На регионалниот пат Прилеп-Крушево местото Смилевски Трла.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни