Македонија

ЦРВЕН МЕТЕО АЛАРМ утре за Македонија! Не излегувајте од дома без потреба!

ЦРВЕН МЕТЕО АЛАРМ утре за Македонија! Не излегувајте од дома без потреба!

Метеоролозите издадоа црвен метео аларм за утре, понеделник (21.07.2025), поради екстремно високи температури кои ќе го зафатат целиот регион.

Времето ќе биде сончево, стабилно, но исклучително топло, со дневни температури кои на повеќе места ќе надминуваат 35°C, а на југ и југоисток локално ќе се искачат до 40°C.

Можни се топлотни бранови со ризик по здравјето, особено за хронично болни, деца и постари лица.

Надлежните апелираат:

  • Да се избегнува директно изложување на сонце во периодот од 11 до 17 часот
  • Да се внесува повеќе течности
  • Да се носи светла и лесна облека
  • Да се внимава со физички активности на отворено

Останете внимателни и заштитени – ова се услови кога телото е изложено на сериозен стрес поради топлината.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни