Македонија

ЦУК: Активни уште 9 пожари врз коишто утрово противпожарно се дејствува по земја и на места со воздухопловна поддршка

ЦУК: Активни уште 9 пожари врз коишто утрово противпожарно се дејствува по земја и на места со воздухопловна поддршка
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 045 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 61,61%, а 38,39% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 69,12%, кон Итната медицинска помош 20,88%, кон пожарникарите 5,29%, а кон АМСМ 0,29% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 1 025 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (4,41%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (43,09%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК). Во последното деноноќие и имаше 26 пожари на отворено, а од нив активни утрово се 9 врз коишто утрово се противпожарно се дејствува по земја и на места со воздухопловна поддршка. Активните девет 9 се следните: Пожарот на Планината Серта се простира на 3 општини како 4 самостојни пожари. 1 Општина Неготино во атарот на с.Калањево ( гори ниска вегетација и шума); 2 Општина Конче, селата Горни и Долни Липовиќ (ниско стеблеста шума –Бор); 3 Општина Штип, местено викано Патрик ( смрек, дабова шум.и мешовита шума) Општина Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в.Хаџи Реџепли (ниска вегетација и грмушки); Општина Ново Село над с.Бадилен, (борова шума); Општина Чашка, селата Дреново и Долно Јаболчиште (мешовита шума); Општина Долнени, с.Црнилиште (нискостеблеста вегетација); Општина Долнени с. Слепче и с. Гостиражни гори ниска и сува вегетација (трева и нискостеблесто) и во Општина Гевгелија,помеѓу с.Негорци и с.Кованец (даб,смрека,прнар, сува трева). Изганати целосно беа 17 пожари во последното деноноќие. Од рано утрово веќе се дејствува по активните пожари и со воздухоплови, како засилување на силите коишто гаснат од земја, пожарникари, вработени во јавни и комунални претпријатија, армиски припадници, од доброволни ПП друштава, мештани и од други здруженија на граѓани. Прво почанаа да дејствува еден полициски хеликпотер, а за кратко му се приклучи и еден армиски хеликоптер. Се очекува по 10.00 часот да полетаат и два авиони од ДЗС. Инаку, побарана е и меѓународна помош за справување со пожарите. на терен е и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој претпочита при вакви ситуации да биде на терен, и ќе информира подетално за меѓународната помош. Инаку, сублимираните информации од регионалните центри за управување со кризи известија за детали за последното деноноќие за пожарите на отворено. При оваа прилика ќе ги презентаираме податоците за активните пожари. Регионалниот ЦУК Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Прилеп во која се наведува дека пожарот кој започнал на 13.07.2024 година во 22.30 часот, на сртот над с.Црнилиште, Општина Долнени, е локализиран во поголем дел. Активен е уште кракот од пожарот кон с.Слепче. Гори сува трева и ниска вегетација на непристапен терен и засега нема загрозени населени места. Во текот на денешниот ден ќе има податоци за зафатената површина. Интервенирале 3 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Прилепо. Од 10.05 до 19.45 часот екипи од ТППЕ Прилеп повторно ќе излезат на терен во раните денешните часови. Известени се Општина Долнени кои што изјавија дека немаат екипа којашто би ја испратиле на терен. ЈП „Национални шуми“ – Подружница „Црн Бор“од Прилеп исто така нема екипи за гасење на пожари. Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека пожарот кој започнал на ден 10.07.2024 година во 15:20 часот над с.Бадилен се уште е активен. Гори дабова и борова шума. Нема податоци за површина. Во вчерашниот ден немаше интервенција заради непристапност на теренот. (Општина Ново Село). Шумскиот пожар помеѓу с.Негорци и с.Кованец што започнал на 12.07.2024 година е активен, но со намален интензитет. Гори мешена шума (даб, смрека, прнар, сува трева). До сега зафатено е околу 100 хектари. Интервенирано е со 5 вработени од ЈП „Национални Шуми3 Подружница „Кожув“ од Гевгелија, 1 од ДЗС Гевгелија и 1 од ТППЕ Гевгелија со две теренски возила (Општина Гевгелија) Пожарот помеѓу селата Горни и Долни Липовиќ кој започнал на ден 13.07.2024 година во 09:00 часот е активен и поради појавен ветер повторно се шири. Гори сува трева, грмушки, прнар ниско стеблеста шума и бор. Досега се зафатени околу 300хa.Од општина Конче е интервенирано со багер и е направен појас за да се спречи ширење кон с.Долни Липовиќ. Интервенирале 8 лица од ДППД Горица , како и 1 ПП возило и 2 пожарникари од ТППЕ Радовиш и од ЈП Национални Шуми – Плачковица со 5 вработени (Општина Конче). РЦУК – Велес известува дека на ден 13.07.2024 гонина во 17:00 часот кој започнал шумски пожар на отворено на планина Голешница на врвот Лисец, на потегот помеѓу селата Дреново и Долно Јаболчиште Општина Чашка. Инетервенираа 10 вработени од ЈП Национални шуми-подружна единица Бабуна Велес, вработени во ЕЛС Чашка и ЈКП Тополка, полициски службеници од ПС Чашка и дел од месното население од с.Долно Јаболчиште. Зафатена површина од околу 20 ха ниско стеблеста деградирана шума и дел од дабова шума. Пожарот е сеуште активен, истиот е приземен и насочен кон карпестиот дел на врвот Лисец, не пости опасност да зафати населени места. Во текот на денешниот ден повторно ќе се интервенира (Општина Чашка). ТППЕ Неготино, известува дека на ден 10.07.2024 година во 10:00 часот кој започнал пожар на планината Серта Општина Неготино уште е активен. Зафатена е голема површина со ниско стеблеста деградирана шума и трња. Интеревнираа ТППЕ Неготино,ТППЕ Кавадарци,ТППЕ Св. Николе, доброволни противпожарни друштва, стотина припадници на АРСМ, на МВР, јавни комунални претпријатија, припадници на Национални шуми, ДЗС, ловџии, волонтери и локално население. Исто така се дејствуваше и од воздух со 1 хеликоптер на МВР, 2 хеликоптери на АРСМ и 2 ер-тарктори на ДЗС, употребена е соодветна механизација за расчистување на теренот (Општина Неготино) Продолжува периодот на сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на следнат
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни