Македонија

ЦУК: Амбасадорот Гир и Ангелов утрово беа кај пилотите и директно на писта се запознаа со ПП активностите

ЦУК: Амбасадорот Гир и Ангелов утрово беа кај пилотите и директно на писта се запознаа со ПП активностите

Денескa амбасадорот на ЕУ во Р.С. Македонија Н.Е. Дејвид Гир учествуваше на редовниот утрински брифинг на националните и странските воздухопловни тимови и директно на писта од воениот дел од аеродромот се запозна со противпожарните активности. Сите домашни и странски сили, и по земја и од воздух, согласно оптималните услови на техниката и ситуацијата на терен, храбро и одлучно се борат да ги угаснат пожарите што земаа замав во нашата држава.

Амбасадорот Гир и директорот на ЦУК Ангелов од посадите на хеликоптерите и авионите пристигнати преку Механизмот на ЕУ за цивилна заштита беа запознаени со перфомансите и учинокот и имаа можност да ги видат леталата пред да започнат со нивните цели предвидени за денес.

Директорот Ангелов се заблагодари на Амбасадорот Гир за поддршката од ЕУ Механизмот за цивилна заштита и неговото лично присуство и поддршка на здружените напори на националните и меѓународните сили за одбрана од разбеснетата огнена стихија.

Потоа Ангелов ги посети пилотите на авионите на ДЗС.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни