Имало вкупно 1 419 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 54,69%, а 45,31% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон Полиција биле упатени 69,63%, кон Итната медицинска помош 25,65%, a кон пожарникарите 1,57% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 649 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие немало регистрирани пожари на отворено на територијата на државата.
ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали, а и да не се фрлаат отпадоци во нив, а секако и во речните корита.
Оваа сублимирана информација е резултат од утринските известувања од регионалните центри за управување со кризи коишто се обединуваат во националниот ЦУК.
Од ЦУК изразуваме благодарност до медиумите за брзото пренесување на превентивните предупредувањата, како и за сите итни ситуации во нашата држава и секако за континуираната соработка во интерес на безбедноста и посигурното живеење на граѓаните, во случајот – од аспект на кризните и итни ситуации со коишто се справуваме заедно во општеството, секојдневно.