Според последниот пресек на Центарот за управување со кризи (ЦУК) направен попладнево до 18:00 часот, противпожарните екипи ширум земјава се соочуваат со зголемен број стихии на отворен простор. Регистрирани се вкупно 24 пожари, при што теренските служби водат интезивна борба со 8 активни жаришта, додека 5 пожари се ставени под контрола, а 11 се целосно ликвидирани.
Активни пожари (8):
Ѓорче Петров: с. Грачани и с. Никиштани (нискостеблеста и мешана шума, огнот е активен и на територијата на Косово);
Македонски Брод: с. Белица, месност Кајорец, кон с. Брезница кај репетиторот (нискостеблеста и мешана шума);
Чучер-Сандево: с. Брест, месност Рамно (мешана шума);
Градско: с. Ногаевци (ниска вегетација, грмушки и борова шума);
Струга: с. Подгорци (ниска вегетација и мешана шума);
Липково: с. Матејче (мешана ниска шума);
Маврово и Ростуше: месност Чавкарник над Маврово (ниска вегетација, пасишта и мешана шума);
Кичево: с. Кнежино и с. Добреноец (нискостеблеста шума).
Пожари под контрола (5):
Струга: с. Буринец – с. Локов – с. Селци (нискостеблеста шума);
Македонски Брод: с. Брезница (ниска вегетација и зафатен помошен објект);
Сарај: с. Копаница (нискостеблеста шума и ниска вегетација);
Кратово: Градска депонија Кратово;
Делчево: Градска депонија Делчево.
Изгаснати пожари (11):
Неготино: с. Црвени Брегови (ниска вегетација);
Гази Баба: ул. „Перо Наков“ (ниска вегетација и ѓубриште);
Брвеница: с. Милетино и с. Радиовце (ниска вегетација);
Гостивар: с. Равен (ниска вегетација);
Гостивар: с. Форино (ниска вегетација);
Куманово: н. Бедиње, до железничката пруга (ниска вегетација);
Куманово: ул. „Ѓорче Петров“ (отпад);
Липково: с. Ваксинце (стрниште);
Битола: с. Ротино (ниска вегетација);
Прилеп: с. Ново Лагово (ниска вегетација);
Кичево: с. Манастирско Доленци (депонија).