Македонија

ЦУК: Товарно возило ја пробило оградата на Вардар

ЦУК: Товарно возило ја пробило оградата на Вардар

Секторот за операции и координација (СОК) на ЦУК, денеска информира дека околу 18:00 часот товарно возило, движејќи се на регионалниот патен правец с.Зелениково-с.Таор, изгубило контрола ја пробило оградата и паднало во реката Вардар. Градоначалникот на Општина Зелениково, Коста Маневски, со своите соработници веднаш излегле на терен и направиле соодветно одбележување на оштетениот мост што претставува потенцијална опасност за движење на возилата и пешаците коишто поминуваат по него.

Од страна на Секторот за операции и координација (СОК) на ЦУК во координација со Градоначаникот на Општина Зелениково се известени Јавното претпријатие за оддржување на магистралните и регионалните патни правци се со цел за превземање на мерки и активности во нивната надлежност. Посочено им дека е потребно итно да се излезе на местото на настанот за да се постави соодветно одбележување и сигнализација, а во најкраток можен рок да се изврши санација на оштетената ограда се со цел да не дојде до несакни последици врз возилата и населението. Тоа е и направено. Екипата на ЈП за одржување на магистралните и регионалните патни правци во моментот се на терен, вршат увид и постапуваат соодветно нивните надлежности. Инаку, за сега, според информациите од терен, нема жртви при настанот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни