ЦУК: Вкупно 31 пожар на отворен простор, 15 се активни

Центарот за управување со кризи информира ека денеска, четврток, 08.08.2024 година, до 19.00 часот има вкупно 31 пожар на отворен простор, од коишто во моментов 15 се активни, 5 се под контрола и 11 се изгаснати.

Активните 15 пожари на отворен простор се во:

  1. Општина Македонски Брод 1: с.Тажево – с.Брезница – Јасен;
  2. Општина Демир Хисар и Охрид: Илинска Планина, активен кај с.Брежани, Опш.Охрид, под контрола на Опш.Демир Хисар;
  3. Општина Студеничани 1: с.Драчевица – с.Црвена Вода, м.в.Темна Бука;
  4. Општина Кичево 1: с.Челопеци;
  5. Општина Кичево 2: с.Зајас – с.Бачишта;
  6. Општина Дебар: над с.Горно Косоврасти – Рајчица – Татар Елевци;
  7. Општина Охрид: Галичица;
  8. Општина Македонска Каменица: с.Дулица;
  9. Општина Бутел: во близина на трафостаница на МЕПСО;
  10. Општина Студеничани 2: м.в.Дрешница – с.Батинци;
  11. Општина Сарај: с.Ласкарци, стариот пат Скопје – Тетово;
  12. Општина Гази Баба: депонија Вардариште;
  13. Општина Тетово: Тетово;
  14. Општина Старо Нагоричане: кај с.Никуљане на 2 различни локации и во
  15. Општина Липково: с.Отља.

Под контрола се 5 пожари на отворено, во:

  1. Општина Петровец: с.Градманци – Дивље;
  2. Општина Чашка: с.Папрадиште – с.Ореше;
  3. Општина Макдонски Брод: с.Слатина;
  4. Општина Пласница: с.Пласница (изгаснат) – с.Латово (чади) и во
  5. Општина Делчево: Депонија Делчево.

Изгаснати се 11 пожари на отворено, во:

  1. Општина Кочани: м.в.Панаѓур, кај одмаралиштата на Пониква;
  2. Општина Гевгелија: с.Негорци;
  3. Општина Гостивар 1: с.Горна Бањица;
  4. Општина Гостивар 2: кај Касарната во Гостивар;
  5. Општина Крива Паланка: с.Конопница;
  6. Општина Македонски Брод: с.Слатина;
  7. Општина Крушево: Градска депонија;
  8. Општина Теарце: с.Доброште;
  9. Општина Тетово: Тетово;
  10. Општина Арачиново: с.Орланци и во
  11. Општина Кисела Вода: бул.Борис Трајковски.