На бројот 112 во ЦУК стигнала пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје заедно со пациент, во лифт во подрумски дел од зграда на ул. Христо Татарчев бр.47, Кисела Вода, Скопје.
Лифтот паднал најмалку од приземје во подрум. Во него имало екипа на итната медицинска помош, најмалку 4 лица биле во лифтот во моментот на падот.
Од страна на ЦУК итно се известени БППЗ Скопје и СВР Скопје.