Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, си поднесол оставка од функцијата.
Според информациите, оставката, која ја поднел на 27 мај, е поради лични причини.
Управниот одбор на Агенцијата ја констатирал неговата оставка на седница на 30 мај и донел одлука за разрешување од функцијата директор.
Инаку, Тунтев беше директор на оваа агенција од 2019 година, а сега се враќа на работа во ТАВ Македонија.