Македонија

Турист од Турција почина во автобус кон туристичкиот комплекс „Свети Наум“

Турист од Турција почина во автобус кон туристичкиот комплекс „Свети Наум“

На 18.05.2025 во 11.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во автобус кој превезувал група туристи од Република Турција кон туристичкиот комплекс „Св.Наум“, починал турскиот државјанин И.Х.(64).

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото изврши екипа од СВР Охрид.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на погребално претпријатие.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни