Македонија

Туристка тешко повредена по пад во необезбедено градилиште во Охрид

Туристка тешко повредена по пад во необезбедено градилиште во Охрид

Жена туристка синоќа доживеала тешка несреќа во Охрид, откако паднала во дупка на градилиште на улицата Партизанска, објави локалниот портал „Охрид 1“.

Инцидентот се случил во непосредна близина на објект кој е во изградба, а според првичните информации, градежниот простор не бил соодветно обезбеден, што директно ја загрозило безбедноста на минувачите.

Поради тешките повреди здобиени при падот, жената веднаш била пренесена во Специјалната болница за ортопедија „Св. Еразмо“, каде што лекарскиот тим ѝ укажал неопходна медицинска помош.

Засега нема официјални информации од страна на надлежните институции. Се очекува повеќе детали за инцидентот да бидат објавени денеска, по истрагата и увидот на терен.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни