Турција продолжува да помага: Уште тројца повредени од пожарот во Кочани пренесени на лекување

Туркије продолжува да ја поддржува Северна Македонија во зараснувањето на раните од трагичниот пожар што се случи во Кочани на 16 март 2025 година. По испраќањето на деветмина повредени во тешка состојба на лекување во Туркије веднаш по несреќата, денес (20 март 2025) уште тројца млади македонци беа пренесени со авион во болницата Чам и Сакура во Истанбул. Амбасадорот на Република Туркије во Скопје, Фатих Улусој, ги придружи повредените при нивното заминување од Меѓународниот аеродром Скопје.

Во моментов, вкупно 12 повредени од трагедијата во Кочани се лекуваат во Туркије – шестмина во болницата Чам и Сакура во Истанбул, а другите шестмина во болницата Билкент Шехир во Анкара.

Заменик-министерот за надворешни работи и главен преговарач со ЕУ, Мехмет Кемал Бозај, изрази сочувство до народот на Северна Македонија за изгубените животи. Во интервју за емисијата „Across the Balkans“ на TRT World, тој говореше за трагедијата што ја потресе земјата, но и за ставот на Туркије во однос на случувањата во Босна и Херцеговина.

„Како земји од регионот, континуирано се помагаме меѓусебно. Како што се сеќавате, Северна Македонија по разорниот земјотрес што ја погоди нашата земја во 2023 година испрати спасувачки тимови. Така и ние, веднаш по оваа трагедија, испративме авиони и девет државјани на Северна Македонија ги пренесовме во Туркије за лекување. Уште еднаш изразувам длабоко сочувство до целиот народ на Северна Македонија и им посакувам брзо заздравување на повредените“, рече Бозај.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното