Старото видео од Али Ахмети како пее во кабинетот на Артан Груби причина за расправии меѓу СДСМ и ДУИ. Како што дознава ТВ21, видеото кое беше објавено по повод роденденот на Али Ахмети, а снимено пред повеќе од три месеци, предизвикало реакции на затворена владина седница. На видеото се гледа кабинетот на Артан Груби, косовскиот пејач Илир Шаќири и како се пушат цигари во затворена просторија.
Расправијата започнала откако вицепремиерката за политики и добро владеење Славица Грковска ја отворила темата зошто се злоупотребуваат државни институции за приватни или партиски цели. А реакција имало и за пушењето цигари во затворени простории.
На ова веднаш реагирал и премиерот Димитар Ковачевски ѝ рекол „Добро бе, секаде се пуши“.
Грковска возвратиле „да секаде се пушти, но за овој случај има објавено видео и има доказ“
Премиерот повторно реагирал дека не може да следат по сите институции што се случува.
На ова реагирал и првиот вицепремиер Артан Груби одговарајќи на прозивките дека и тој има информации добиени од ДКСК и Обвинителство дека докази има и за функционери на СДСМ кои ги злоупотребиле своите функции.