По летната пауза, екипата на ТВ21 со големо задоволство ја најавува деветтата сезона на вашата омилена дебатна емисија ClickPlus. Емисијата повторно ќе биде на вашите екрани секој понеделник и четврток во 21:30 часот.
Во новата сезона, ќе продолжиме да ги покриваме најважните теми кои се од суштинско значење за нашето општество и регионот, со ексклузивни интервјуа, гостувања на влијателни личности, и длабински анализи на актуелните политички, економски и социјални прашања. Како и секогаш, ClickPlus ќе остане место каде што ќе се поставуваат важните прашања, а гледачите ќе добијат одговори од прва рака.
Подготвуваме уште поинтерактивни дебати и динамични формати кои ќе ја направат секоја емисија посебна, притоа зачувувајќи го препознатливиот стил на емисијата. Оваа сезона ветува уште поголеми предизвици и интересни дискусии, кои ќе ги опфатат како домашните, така и меѓународните теми кои влијаат на нашето секојдневие.
Екипата на ТВ21 ве поканува да ни се придружите и во оваа сезона на ClickPlus, каде вашето мислење е секогаш важно. Не пропуштајте ниту една епизода.
ClickPlus – секој понеделник и четврток, 21:30 часот, само на ТВ21!
Секој четврток водител на ClickPlus на македонски јазик останува вашиот добро познат домаќин Љубиша Цветкоски.

