Свет

Твитовите од руската амбасада ги прекршија правилата, објави Твитер

Известувавме за тврдењето на Русија дека породилната болница во Мариупол, која беше бомбардирана во средата, ја користеа украинските сили.

Официјалните лица не понудија доказ за да ги поткрепат нивните тврдења, а тимот за дезинформација на Би-Би-Си најде докази што се во спротивност со наводите (видете ја нашата објава во 17:30).

Сега Твитер потврди дека ги отстранил твитовите за инцидентот од руската амбасада во ОК. Портпаролот за новинската агенција Ројтерс изјави дека твитовите ги прекршиле правилата на платформата во врска со „негирањето на насилни настани“.

Руската амбасада на Твитер објави дека болницата не е во функција, била преземена од екстремно десничарскиот украински баталјон Азов и дека една жена сликана на местото на настанот лажира дека е вмешана.

БиБиСи ја контактираше амбасадата за коментар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни