Македонија

Уапсен Србин кај гевгелиско, пренесувал 11 мигранти

Уапсен Србин кај гевгелиско, пренесувал 11 мигранти

На 06.10.2024 во 20 часот на локален пат во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Ј.М.(32) од Република Србија.

Во возило „сааб“ со цол таблички, кое го управувал, биле пронајдени 11 мигранти од Сирија.

Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, а мигрантите се спроведени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија.

По целосно документирање на случајот, против Ј.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни