Македонија

Уапсени две сестри и нивна пријателка – снимиле и праќале порнографска снимка од 3-годишно дете

Уапсени две сестри и нивна пријателка – снимиле и праќале порнографска снимка од 3-годишно дете

На 26.07.2025 во 16.40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.Ќ.(31) од Република Албанија, со живеалиште во гостиварско, нејзината сестра  М.Ј.(22) тетовско, додека на 27.07.2025 од слобода била лишена и нивната пријателка Е.И.(23) од тетовско, постапувајќи по претходна пријава од 34-годишниот сопруг на А.Ќ. дека во периодот додека престојувале во Италија, А.Ќ., М.Ј. и Е.И. снимиле и му пратиле видео снимки со порнографска содржина од неговиот тригодишен син.

Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок по членовите 201 и 193-а од Кривичниот законик.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни