Македонија

Уапсени три лица од Кавадарци при обид да крадат од плантажа!

Уапсени три лица од Кавадарци при обид да крадат од плантажа!

 Вчера во 12.50 часот полициски службеници од ОВР – Неготино ги лишиле од слобода Б.В.(25), А.В.(19) и Ѓ.К.(25) сите од Кавадарци, затоа што кај место викано Лепово, неготинско, на плантажа во сопственост на правно лице, со употреба на алат се обиделе да украдат предмети.

Б.В., А.В. и Ѓ.К. биле приведени во полициска станица, а предметите со кои го извршувале делото, кај нив биле пронајдени и одземени.

По документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни