Македонија

Уапсено лице од Косово, се сомничи за подметнување на пожар во општина Тетово

Уапсено лице од Косово, се сомничи за подметнување на пожар во општина Тетово

На 07.10.2024 во 20.15 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Р.(38) од Република Косово, со привремен престој во Скопје.

Тој се сомничи дека претходниот ден го подметнал пожарот во подрумските простории на општина Тетово.

Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 288 од Кривичниот законик.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни