Македонија

Уапсено момче кое носело пиштол – со него била малолетничка по која трага полицијата

Уапсено момче кое носело пиштол – со него била малолетничка по која трага полицијата

Кумановската полиција приведе деветнаесетгодишник со кого затекнало малолетно 14-годишно девојче за кое имало пријава дека се оддалечило од нејзиниот дом.

– Вчера во 15.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(19) од Куманово. При преглед кај него било пронајдено огнено оружје и со него била затекната 14-годишна девојка за која вчера беше пријавено дека се оддалечила од нејзиниот дом, информираше СВР Куманово.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Претходниот ден, триесет и четиригодишната А.Ф. пријавила во полицијата дека нејзината 14 – годишна ќерка се оддалечила од нивниот дом.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни