Македонија

Убиецот од Куманово претходно имал 5 кривични пријави и две условни пресуди за семејно насилство кон сопругата која вчера ја уби

Убиецот од Куманово претходно имал 5 кривични пријави и две условни пресуди за семејно насилство кон сопругата која вчера ја уби

Пет кривични пријави за семејно насилство и најмалку две условни пресуди имало против кумановецот кој вчера си ја уби сопругата, нејзината мајка и се фрли од прозорец за да не биде уапсен од полицијата, јавува Телма.

Тортурата која ја вршел кумановецот врз неговата сопруга и нејзината мајка започнала пред 10тина години.

„Да, има пријави за семејно насилство против Д.Ј. и секогаш од страна на СВР Куманово се преземени мерки и активности. Во периодот од 2013 до 2023 година од страна на СВР Куманово до надлежното ОЈО Куманово има поднесено 5(пет) кривични пријави против Д.Ј. по член 130 ст. 2 од КЗ на РСМ, сите извршени врз лицето Е.А.“, ни изјави Тони Ангеловски од МВР.

Од сите пријави, Телма најде две пресуди од 2014-та. Кумановецот Дејан Јовановски прватаусловна казна ја добил затоа што ја претепал сопругата бидејќи тврдел дека го научилa тригодишното дете да зборува лошо. Тогаш ја претепал и бабата која истотака ја уби вчера.

Целата вест на Телма

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни