Убијците на Оки не поминале граница?! Безбедносните камери им го снимиле возилото, биле во вилата пред, но и по убиството!

Убијците на 39-годишниот бизнисмен Орхан Бајрами-Оки не поминале граница, јавуваат грчките медиуми.

Според нивните информации, патничкиот автомобил со кои се возеле убијците бил со странски регистарски таблички, а безбедносните камери го снимиле во близина на вилата пред, но и по убиството.

Тие пишуваат дека две лица со црна облека и качулки низ целото лице биле во автомобилот, а според полициски извори ова возило не поминало низ ниту еден граничен премин, по што се прават опсежни претреси за негово лоцирање во Грција.

Медиумите јавуваат дека убијците прескокнале ѕид, од каде стигнале до голем прозорец и од надворешна страна испукале 19 пати со пиштол калибар 32 мм.

Од огненото оружје загинал бизнисменот Оки, додека пак повреден беше неговиот 45-годишен пријател кој моментално е во стабилна состојба.