Македонија

Убиство во Блаце: Убиен таткото на осомничениот за убиството на Оки?

Убиство во Блаце: Убиен таткото на осомничениот за убиството на Оки?

Убиство на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце било пријавено вечерва во Свр Скопје, потврдија за Фокус од МВР.

-Во 18.10 ч. во СВР Скопје е пријавено дека во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т. (56) без знаци на живот, со прострелни рани од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Според нашите неофицијални и непотврдени информации, убиениот е татко на Гани Туша, осомничен за убиството на Орхан Бајрами Оки, еден од водачите на Дуќанџик, што се случи во Грција.

Туша е осомничен и за други кривични дела и моментално е во притвор во зстворот во Шутка.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни