Во селото Стари Град во општина Чашка денеска беше лидерот на Алијансата , Зијадин Села. На учениците Албанци од ова село кои учат на македонски јазик, им подари буквар на албански јазик.
Тој им рече на родителите дека неговата партија ќе се заземе што поскоро нивните деца да добијат наставници Албанци и да го реши проблемот на овие ученици. А за проблемот на овие деца рече дека не слушнал до сега иако градоначалникот на општина Чашка е од партијата Алијанса за Албанците.
„Порано не бевме информирани во врска со оваа проблематика затоа сакав самит да дојдам и да добијам други информации. Ние сега го добивме претседавањето со Советот но не може да ги имаме сите информации. Има албански партии кои беа на власт 10 години односно 3 мандати, реално овие проблеми требало да се решат порано“, изјави Зијадин Села од Алијанса за Албанците.
Родителите рекоа дека освен книгите потребни им се и наставници Албанци.
„Нам ни требаат наставници, ќе видиме од другата година како ќе биде. Ни ветија дека сега ќе донесат и наставници“, додава еден родител.
Лидерот на АА денеска се сретна и со жителите на селата Горно и долно Јаболчиште. Ги посети и учениците од село Бањица каде учениците исто така учат на македонски јазик.
Репортер: Африм Јонузи