Македонија

Учениците се враќаат во школските клупи – штрајкот на СОНК ставен во мирување

Учениците се враќаат во школските клупи – штрајкот на СОНК ставен во мирување

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска на прес конференција посочи дека штрајкот е ставен во мирување.

Како што вели тој, денеска Советот на СОНК расправал во врска со добиеното известување од Министерството за образование и наука, по што се консултирале со правници.

„Од денеска генералниот штрајк се става во мирување. Ова е само почитување на законот“, истакна Неделков.

Тој додаде дека ако нема решение, штрајкот повторно ќе стане активен.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни