Свет

Учениците во Њујорк ќе бидат вегетаријанци секој понеделник

Од 1 септември сите – околу 1,1 милиони ученици во Њујорк – ќе имаат на мени во понеделник во школите вегетаријанска храна. Тоа го објави градоначалникот Бил де Блазио.

– Намалување на количина на месо ќе го подобри здравјето на њујорчани и ќе ги намали штетните гасови, смета демократот Де Блазио по повод идејата за „Понеделник без месо”.

Програмата што почна во 15 училиште во Бруклин во Њујорк пред една година, со вегетаријанска храна секој понедленик, ќе биде воведена во целиот училиштен систем.

Во Калифорнија во исто време се размислува на учениците да им се предлага веганско мени.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни