Македонија

УХМР издаде предупредување: Утре невреме низ Македонија, ова се препораките!

УХМР издаде предупредување: Утре невреме низ Македонија, ова се препораките!

Под влијание на атмосферски фронт утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Дневната температура ќе се намали за пет до осум степени.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни