Македонија

УХМР предупредува: Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

УХМР предупредува: Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 37 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. T=37°C. P=979hPa. U=30%. V=3m/s. UV index=7.

Времето утре и задутре претпладне ќе биде сончево и многу топло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во четврток и петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни