Македонија

УХМР со метео предупредување: Доаѓа невреме!

УХМР со метео предупредување: Доаѓа невреме!

Денес ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. На повеќе места ќе наврне поголема количина на воден талог (над 25 l/m2 за 24 часа). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.

И во Скопската Котлина ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд и засилен ветер.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни