Македонија

УХМР со најава за нов влажен бран: Од утре врнежи од дожд, а ќе има и снег!

УХМР со најава за нов влажен бран: Од утре врнежи од дожд, а ќе има и снег!

УХМР најавува дека од утре во вечерните часови под влијание на нов влажен бран ќе започнат врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во понеделник во текот на денот и во вторник претпладне (локално над 30 л/м2).

Врнежи од снег ќе има најпрво на планините, каде снежната покривка значително ќе се зголеми, а од понеделник попладне и на некои повисоки места. Во понеделник во источните делови ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Во Скопската Котлина ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во понеделник попладне и во вторник претпладне.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни