Македонија

УЈП спроведе 214 контроли: Привремено затворање за четири фирми поради неиздавање фискални сметки

УЈП спроведе 214 контроли: Привремено затворање за четири фирми поради неиздавање фискални сметки

Во периодот од 28 јули до 3 август, Управата за јавни приходи (УЈП) реализираше вкупно 214 теренски контроли низ повеќе градови во државата, насочени кон различни деловни субјекти – од ресторани и кафе барови, до продавници за облека и паркинзи. Акцентот беше ставен на туристичките места, каде летната фреквенција е зголемена.

Од вкупниот број контролирани субјекти, неправилности во работењето се утврдени кај 66 од нив, што претставува 30,8% од вкупниот број. За овие прекршоци се изречени соодветни глоби, а кај четири субјекти – три од Охрид и еден од Струга – беше изречена и мерка за привремена забрана за вршење дејност поради повторено неиздавање фискални сметки во рок од две години.

Анализа по градови:

  • Скопје: 14 контроли, 4 неправилности
  • Охрид, Струга и Битола: 126 контроли, 29 неправилности (18 во Охрид, 11 во Струга)
  • Прилеп: 7 контроли, 3 неправилности
  • Тетово и Гостивар: 32 контроли, 14 неправилности (13 во Тетово, 1 во Гостивар)
  • Штип, Неготино, Демир Капија, Кавадарци, Велес и Куманово: 35 контроли, 16 неправилности (5 во Куманово, 4 во Велес, 3 во Штип, 2 во Демир Капија, по 1 во Неготино и Кавадарци)

УЈП упати апел до сите даночни обврзници да постапуваат согласно законските прописи и да издаваат фискални сметки. Од институцијата потсетуваат дека користењето фискални апарати не е само законска обврска, туку и основа за транспарентно и одговорно деловно работење.

Дополнително, УЈП ќе спроведе вкрстени проверки за проверка на веродостојноста на пријавените приходи кај даночните обврзници.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни