Македонија

Укината затворската казна на Мухамед Зеќири од Апелациониот суд

Укината затворската казна на Мухамед Зеќири од Апелациониот суд

Укината пресудата на Основниот кривичен суд Скопје против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири за злоупотреба на службена положба и овластување и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд.

Постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-16/24, по одржана јавна седница на 5 јуни годинава, на 6 септември, Апелациониот суд Скопје донел одлука со која ја уважи жалбата на обвинетиот М.З. од С. и пресудата на Основниот кривичен суд Скопје по жалбата и по службена должност, ја укина и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд.

„Жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, изјавена по однос на одлуката за конфискација, ја оцени како беспредметна во оваа фаза на постапката.

При повторното постапување, потребно е првостепениот суд да ги изведе доказите предложени од странките во насока на утврдување на решителните факти на кои е укажано во ова решение, па по спроведувањето на доказната постапка и изведување на доказите предложени од странките, во зависност од утврденото, со правилна примена на Кривичниот законик, првостепениот суд да се произнесе за постоење на предметното кривично дело и кривичната одговорност на страна на обвинетиот, донесувајќи правилна и законита судска одлука, која ќе може во целост и со сигурност да се испита“, се вели во соопштението од Апелација.

Тој беше осуден за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, односно според членот 353 став 4 од Кривичниот законик за кој со последните измени на Законикот е предвидена казна од една до пет години.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни