Украина утрово го намали снабдувањето со електрична енергија за Молдавија за околу 30 отсто. Ова го соопшти вицепремиерот на Молдавија Андреј Спину, цитиран од „Ројтерс“.
Украина вчера објави дека го запира извозот на електрична енергија во европската мрежа откако серијата руски ракетни напади ја погодија нејзината електрична мрежа и загинаа најмалку 19 луѓе.
Дури и пред вчерашните руски воздушни напади, Молдавија, сиромашна поранешна советска република која граничи со Украина и Романија, веќе беше загрижена за своите енергетски резерви бидејќи е силно зависна од рускиот гас.
„Во постојан контакт сме со Украина, Европската унија и Романија во потрага по решение за снабдување на републиката со електрична енергија“, напиша Спину во Телеграм.
Минатата недела руската државна енергетска компанија „Газпром“ предупреди дека може да го запре испораката на гас за Молдавија доколку земјата не ги плати долговите до 20 октомври.