Руската армија загубила околу 15 илјади војници, 97 авиони, 121 хеликоптер и 498 тенкови.
Украинскиот Генералштаб сподели податоци за загубите на руската армија од 24 февруари до 21 март.
Според тоа, убиени се приближно 15 илјади војници од руската армија која ја напаѓа Украина, уништени се 97 авиони, 121 хеликоптер, 498 тенкови, 1535 оклопни возила, 240 топови, 80 системи за лансирање ракети и 45 системи за противвоздушна одбрана на Русите.
Руските сили загубија и 969 возила, 3 лесни глисери, 60 возила со гориво и 24 беспилотни летала.