Свет

Украина: Руската армија загуби 17.000 војници

Украина: Руската армија загуби 17.000 војници

Руската армија загубила 17 илјади војници, 123 авиони, 127 хеликоптери и 586 тенкови, соопштија украинските власти.

Украинскиот Генералштаб објави информации за загубите на руската армија во периодот од 24 февруари до 28 март.

Според тоа, загинаа 17 илјади војници од руската армија која ја напаѓа Украина, уништени се 123 авиони, 127 хеликоптери, 586 тенкови, 1694 оклопни возила, 302 топови, 95 системи за лансирање ракети и 54 системи за противвоздушна одбрана на Русите.

Руските сили изгубија и 1.150 возила, 7 бродови и лесни глисери, 73 возила со гориво и 66 дронови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни