Свет

Уловена исклучително ретка риба: Глава како коњ, очи со големина на чинии, рамно тело…

Уловена исклучително ретка риба: Глава како коњ, очи со големина на чинии, рамно тело…

Двајца Австралијци уловиле една од најнеобичните риби, која ретко се гледа, а е придружена со митот дека е знак за земјотрес.

Глава како коњ, очи со големина на чинии, долго, рамно тело – тоа е суштество од големите длабочини на морето кое го уловиле двајца австралиски рибари за време на екскурзија минатата недела во близина на островот Мелвил и со тоа се пофалиле на социјалните мрежи .

Објавата предизвика многу реакции, а за некои непријатност, па и страв. Имено, ретката риба која дуото ја улови е рибата лопатка, инаку позната во јапонската легенда како предзнак на земјотреси кога ќе се појави во плитки води, што доведе до тоа да ја наречат „рибата на судниот ден“.

Нејзината реткост и изглед на крајот доведе до легенди за морските чудовишта, со оглед на тоа дека изгледа како митолошка морска змија.

Суштеството со необичен изглед, кое плива вертикално на длабочина до 1.000 метри, е редок улов во областа, а рибарите го уловиле додека водел чартер.

Оваа риба може да порасне до неверојатни 17 метри, се карактеризира со долго, сребрено тело како лента, а нејзиниот морничав изглед е дополнително нагласен со големите очи и црвените боцки. Тоа е исклучително интересно за научниците, особено што многу ретко се среќава, а кога ќе се појави во плитки води, се претпоставува дека е болен.

Фотографијата од уловот објавена на Фејсбук страницата на Fishing Australia TV имаше илјадници коментари и споделувања откако беше објавена пред неколку дена.

„Прв пат слушам дека некој успеал да фати таква риба, повеќето од нив, на крајот, морето ги исфрла на брегот како веќе да умреле“, напиша Алекс Јулиус, колумнист за локалниот весник Хералд Сан.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни