Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Употребиле сила и вршеле застрашување врз лице – тројца полицајци добија кривични пријави

Денеска (19.04.2022) Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави кривична пријава против полициските службеници Е.С., Р.Ш. и М.Р., сите од СВР Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „малтретирање во вршење на службата“, казниво по член 143 став 1 од Кривичниот законик.

Пријавените, во својство на полициски службеници, на 06.03.2022 на ул.„Благој Јанков Мучето“ во Струмица, при вршење на службени дејствија употребиле физичка сила и застрашување врз К.Х. Против полициските службеници ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни