Урнебесно видео од Нови Сад: Избегано прасе трчало низ град, излегло на сред пат и го запрело сообраќајот!

Необична глетка вчера ги поздрави жителите на Нови Сад, поточно населбата Клиса. Како што можете да видите на видеото кое кружи на социјалните мрежи, се работи за побегнато прасе кое трчало на сред пат.

„Побегнато прасе кружи низ населбата“, стои во описот на видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NS Uživo (@nsuzivo.rs)

Се вчитува...

Животното очигледно побегнало и лутало по улиците и во еден момент било пронајдено на средината на улицата, но за среќа возачот навреме го запрел возилото.

Тоа њушкало насекаде и уживало во својата слобода.

Сега се бара сопственик.