Свет

Урсула фон дер Лајен со помош од 10 милијарди евра за поплавените подрачја во централна Европа

Урсула фон дер Лајен со помош од 10 милијарди евра за поплавените подрачја во централна Европа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во четвртокот во Вроцлав најави помош од 10 милијарди евра за земјите од Централна Европа кои беа погодени од катастрофалните поплави.

„Можеме да мобилизираме 10 милијарди евра од заедничките фондови за земјите погодени од поплавите“, рече Фон дер Лајен во Вроцлав, Полска, каде што ги обиколи поплавените области со премиерите на Полска, Словачка, Чешка и Австрија.

Таа нагласи дека сега треба да се искористат сите расположливи средства. Пред се, тука е Фондот за солидарност, кој може да се искористи за обнова на инфраструктурата, како патишта, железници, мостови и слично.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни