Македонија

Усмрти пешак па избега, битолската полиција го лишеше од слобода

На 31 јануари во 21.20 часот полициски службеници од Полициска станица за безбедност на сообраќајот Битола, како и полициски службеници од Криминалистичка полиција во содејство со полициски службеници од Полициско одделение – Велушина, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по член 300 и член 301 став2 од Кривичниот законик на Република Македонија , во село Бистрица , битолско, го лишиле од слобода лицето Г.П.(44) од село Бистрица. Тој, на 29 јануари на улица ,,Васко Карангелевски“ во Битола со возило удри во пешакот С.В.(56) од Битола, по што побегнал од местото.

Наредниот ден, 30 јануари, во Клиничката болница Битола С.В. им подлегна на повредите. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни