Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ во Скопје испрати уште две нови барања до Министерството за образование и наука, кои смета дека треба итно да се исполнат.
- Воведување на електронски индекс
За остварување на ова барање потребна е измена на Член 15, алинеја 2 од ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА, УПАТСТВОТО ЗА ПОДГОТОВКА НА ДОДАТОК НА ДИПЛОМАТА И НА ДРУГИТЕ ЈАВНИ ИСПРАВИ, во прилог на оваа електронска пошта е прикачен документот каде што е наведен самиот член, како и предвидената променета верзија.
Главната причина поради којашто целиме кон е-индекси е фактот што живееме во време на дигитална револуција и ваквиот чекор напред ќе е предвесник на многу позитивни промени, и тоа:а) Побрз и поедноставен начин на давање на оценки од страна на наставниот кадар на факултетите;б) Заштеда на време и финансии на студентите;в) Пренасочување на финансиите кон подобрување на дигиталните системи;г) Поздрава животна околина и зачувување на природата.Исто така, веќе голем број од универзитетите имаат свои системи преку кои водат евиденција (е-индекс) што значи дека доколку се направи оваа промена нема да претставува никаков проблем за универзитетите да се адаптираат. - Измена на Критериумите за доделување на стипендии од прв циклус – Четврта група на стипендии
За оваа група стипендии предвидени се два критериуми што треба да ги исполнат студентите, а тоа се:а) Успехот во учењето, односно успехот остварен во текот на средното образованиеб) По основ на користење на стипендија за талентирани ученици од Министерството за образование и наука.Бараме измена во вториот критериум со тоа што овој критерум ќе биде укинат целосно бидејќи во пракса се покажа дека многу мал дел од студентите го исполнуваат овој критерум со што оваа категорија на стипендија останува не искористена.Исто така, важно е да се напомене дека овие стипендии се доделуваат на студенти кои се запишани на студиски програми за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, со што преку оваа измена, поголема поддршка ќе се даде на студентите кои се идниот образовен кадар во државата.
Во прилог е прикачен документот и од ова барање, каде што е наведен и табеларен приказ на студентите кои ја добиле оваа стипендија во изминатата година.

